HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДанок во крв на патиштата, над 120 загинати во сообраќајки низ Македонија

Данок во крв на патиштата, над 120 загинати во сообраќајки низ Македонија

mlado-momche-zagina-vo-soobrakjajka-kaj-veleshta-161190

Во првите девет месеции од годинава во Македонија 122 лица го имаат загубено животот во сообраќајни незгоди. Ова го покажуваат статистичките податоци и анализите кои ги направи Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Од таму велат дека оваа година има пораст на бројот на жртви во сообраќајни несреќи додека тенденција на намалување се бележи во бројката на вкупно настрадани лица.

Унапредување на безбедноста на пешаците во сообраќајот и намалување на жртвите на патиштата има за цел денешната тркалезна маса „Пешаците и нивната безбедност во сообраќајот“, во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов, изјави дека за жал бројот на загинати во сообраќајни несреќи во Македонија е голем и во првите девет месеци годинава има 122 загинати, од кои 25 или една четвртина се пешаци, што е еден од мотивите за организирање на ваква тркалезна маса.

Претседателот на РСБСП Стојче Стаменковски, рече дека пешаците се најголема и најранлива категорија на учесници во сообраќајот и секоја година на патиштата во светот 270 илјади пешаци ги губат животите, што претставува околу 22 проценти од вкупниот број загинати на патиштата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com