Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаДаночни блокади во Хрватска – Банките и државниот врв на состаноци за спас

Даночни блокади во Хрватска – Банките и државниот врв на состаноци за спас

Хрватска вчера ја блокирала компанијата Агрокор поради долг за данок на додадена вредност поголем од 10 милиони евра, пренесоа хрватските медиуми. Сметките на компанијата Агрокор и повеќе фирми во нејзиниот состав, во сопственост на хрватскиот бизнисмен Ивица Тодориќ, вчера се блокирани.

Според податоците од сервисот на Финансиската агенција ФИНА, од нешто пред 13 часот во блокада се сметките на Агрокор, Лед, Тиск, и ПИК Врбовца, а од вчера утрото блокирана е и жиро сметката на Белја, додека сметката на Конзумот не е блокирана. Агенциите наведуваат дека блокадата на сметките би можела да биде потврда за медиумските шпекулации дека некои од добавувачите на Агрокор покренале постапки на присилна наплата на своите побарувања.

Медиумите од регионот пренесуваат дека во седиштето на Ерсте банка имало состаноци на најголемите добавувачи и домашни кредитори на Агрокор, односно четири најголеми хрватски банки кои се повикани и претставници на руските банки Сбербанка и ВТБ банка, но не е познато дали учествуваат на него.

Состанокот бил повикан во пресрет на седницата на Владата на која, како што потврдил вчера премиерот Андреј Пленковиќ, требало да биде усвоен Предлог закон за системски компании. Пленковиќ рекол дека целта на тој законски предлог не е спасување на било кој, па ниту на сопственикот на Агрокор Ивица Тодориќ, туку заштита на хрватскиот економски и финансиски систем.