Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДанкан: Добрососедските односи се клучни за обезбедување стабилност во регионот

Данкан: Добрососедските односи се клучни за обезбедување стабилност во регионот

Британскиот министер за Европа, сер Алан Данкан, го поздрави потпишувањето на Договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија, оценивајќи го како чекор во вистинска насока.

„При моите неодамнешни посети на Бугарија и на Македонија, видов силна посветеност за подобрување на односите меѓу двете земји. Го поздравувам потпишувањето на Договорот за пријателство помеѓу Бугарија и Македонија како чекор напред во вистинската насока. Добрососедските односи помеѓу Бугарија и Македонија се клучни за обезбедување стабилност во регионот“, оцени Данкан.

Тој изрази надеж дека парламентите на двете земји ќе го ратификуваат Договорот за пријателство и ќе ја искористат оваа можност за напредок.

Британскиот министер во соопштението потсетува дека Обединетото Кралство целосно ја поддржува новата македонска влада во спроведувањето на неопходните реформи во земјата, како и во обновата и во унапредувањето на односите со соседите. Тој, исто така, истакна дека Обединетото Кралство и Бугарија споделуваат цврсто пријателство, во очекување на нивното престедателство со Европскиот совет во 2018 година.