Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаДанијела Мартиновиќ, Слаткаристика и Mossel вечерва на „Струмица опен фест“

Данијела Мартиновиќ, Слаткаристика и Mossel вечерва на „Струмица опен фест“

Големата музичка сцена на четвртото издание на „Струмица опен фест“ се отвора вечерва. Честа први да настапат на неа ја имаат младите струмички таленти, а по нив следуваат настапите на Данијела Мартиновиќ, Слаткаристика и Mossel.

Синоќа завршија фестивалските содржини на локациите во големиот градски парк. На сцената во дворот на домот на АРМ се одржа детскиот фестивал „Јојо“, на корзото се продаваа делата од ликовната колонија, а во амфитеатарот вечерта беше посветена на џез музиката.