Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаДаниел Кајмакоски гостин на концертот на Џон Њуман

Даниел Кајмакоски гостин на концертот на Џон Њуман

Популарниот македонски пејач, кој веќе го освои и Балканот, Даниел Кајмакоски, ќе биде гостин на претстојниот концерт на британската ѕвезда Џон Њуман, кој ќе се одржи на 21 јуни во арената „Борис Трајковски“.

Веста ја соопштија организаторите од „Авалон продукција“:

„Авалон продукција, како поддржувач на македонската музичка сцена, секогаш кога организира концерти на големи светски артисти, доставува барање до менаџментите на истите за настап на македонски артисти. На наше огромно задоволство, овој пат ни беше одобрено од менаџментот на Џон Њуман, како гостин на неговиот концерт закажан за 21 јуни во ВИП арената ’Борис Трајковски’, да настапи еден од најпопуларните пејачи во Македонија и на Балканот, Даниел Кајмакоски. Пред публиката, Даниел ќе се претстави со своите хитови што ги обиколија сите домашни и регионални радио и ТВ станици“, пишува во соопштението од продукцијата.