Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДанев: Одлуката на Апелација е доказ дека судот подлегнал на притисоците

Данев: Одлуката на Апелација е доказ дека судот подлегнал на притисоците

Одлуката на Апелациониот суд, да се изрече притвор за три лица кои се предмет на политички прогон од страна на Специјалното јавно обвинителство е срамна и без никаков издржан правен аргумент, изјави денеска на прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека тоа е доказ дека судот подлегнал на притисоците.

– Одлуката е политичка, а не правна. Медиумите под контрола на СДС ја најавија уште пред да биде официјално соопштена. Тоа доволно говори околу начинот на кој што работел судот. Со ваквите одлуки се става крај на правната држава и започнува нарачаниот политички прогон – рече Данев.

Тој истакна дека со одлуката на Апелациониот суд, се испраќа порака дека сите кои сите кои нема да ги поддржат „конструираните и политички монтирани обвиненија на СЈО“ ќе завршат во притвор.

– Одлуките кои денеска ги донесе судот се без преседан. Луѓето на кои денеска им беше одреден притвор изминатиот период ниту се обидоа да бегаат, ниту на некаков начин ја опструираа истрагата. Одлуките кои ги донесе судот се чиста политичка одмазда нарачана од СДС – рече Данев.

Тој им порача на судиите да не мислат дека Зоран Заев е семоќен и дека вечно ќе им дава поддршка, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт и дека ќе прави ревизија за незаконското работење и одлучување.