Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Данас“: Кризата во Македонија ја натера Германија да крои стратегија за Балканот

„Данас“: Кризата во Македонија ја натера Германија да крои стратегија за Балканот

Политичката криза во Македонија ја натера Германија да игра позначајна улога на Балканот, пишува српскиот весник „Данас“, повикувајќи се на анонимен дипломатски извор во Германија.

Весникот коментира дека Германија досега не играла активна политика кон Балканот и време е да почне со активен пристап.

„А тоа значи дека Берлин почнал да подготвува стратегија за Балканот, која ќе биде објавена по состанокот на министрите за надворешни работи на регионот.Оваа министерската средба треба да се одржи во Берлин“, пишува „Данас“.

Според изворире на весникот, главна причина за ваквата акција на Берлин е кризата во Македонија.

„Пристапот на Германија е сменет откако на чело на германската дипломатија дојде Зигмар Габриел, лидер на социјалдемократите, и откако европратеникот од Германија Кнут Флекенштајн стана еден од тројцата медијатори за Македонија. Габриел деновиве ги посети Србија и Албанија. Овие посети се дел од подготовката за германската стратегија за Балканот“, наведува „Данас“.

Фактот што во германската влада има коалиција помеѓу социјалдемократите и конзервативците на Ангела Меркел е добра работа, која покажува дека политиката кон Балканот е хармонизирана, заклучиува весникот.