Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДамовски: Институциите задолжени за чување на јазикот и историјата се платени од странски пари

Дамовски: Институциите задолжени за чување на јазикот и историјата се платени од странски пари

Институтот за македонска историја и македонски јазик сè уште молчат за Тиранската платформа, истакна Борис Дамовски – еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“.

„Имаме институции задолжени за зачувување на македонскиот јазик и историја, чии што членови истакнати и помалку истакнати се спонзорирани од странски НВО и средства. Самото чувство дека ти служиш некому, т.е. му правиш услуга, и да се чувствуваш обврзан да се ништиш самиот себе си е тажна човечка ситуација и состојба во која се наоѓаат тие луѓе. Немаме чуено ниту збор од институтот за македонска историја и македонски јазик. Подадената сенилност во Македонија не е отсега, води длабоко во трагите на нашето нелустрирано комунистично минато, загадени сме со агенти од минатото“, истакна Дамовски.

Во  „Отворено студио“ на ТВ НОВА, на тема „Ќе успее ли народот да ја спречи Тиранската платформа“ гостуваа организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски и Богдан Илиевски.