Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДалјан во Охрид може да поплави повеќе објекти

Далјан во Охрид може да поплави повеќе објекти

Реката Далјан прави нови проблеми во Охрид овој пат со поткопување на патот до хотелот Далјан и Извидничкиот центар во Охрид. Поради ерозијата постои опасност реката да оштети електричен столб во Извидничкиот центар, каде се загрозени и објекти кои се во непосредна близина на нестабилното корито. Состојбата е ваква подолг период, а оштетувањата се зголемиле изминатиот месец по нецелосно чистење на речното корито прекинато од невреме.

reka daljanЗа овој проблем хотелот Далјан и Извидничкиот центар веднаш ги известиле надлежните институции, но регулација на водите се уште нема. Голема закана реката Далјан ќе биде напролет кога ќе пристигнат гости, бидејќи ако фати посилно невреме може да дојде до поплави.

Од општинскиот совет за безбедност сметаат дека е потребна итна интервенција и координација на сите надлежни институции за да се спречат понатамошните оштетувања на инфраструктурата по должина на реката Далјан. Оттаму оценуваат дека тлото пред сместувачките објекти е нестабилно, но и покрај тоа таму нема никакво предупредување за граѓаните. Неодамна била поставена таква табла, но истата по извесен период ја снемало.

Извор: ohridnews.com