Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноДали во Библијата се кријат скриени пораки?

Дали во Библијата се кријат скриени пораки?

Библијата има 66 книги од кои 39 се Стариот Завет и 27 се Новиот Завет. Таа е разнородна збирка од текстови кои настанувале во долг временски период, почнувајќи од 13 век п.н.е. Во стариот завет е опишан животот на Адам и Ева, Ное, Јов, Авраам, Исак, Јаков, Мојсеј, Давид, Соломон, Пророците како и други личности.

Стариот Завет е откровението на еден номадски народ, кој се движел околу Средоземното Море, меѓу Евроазија и Африка, по течението на реките Еуфрат, Тигар и Нил, а себе се нарекувал Израелов. Во Стариот Завет се појавуваат околу педесетина различни литературни видови: митови, химни, молитви, историски записи, љубовна поезија, есеи, хронологија на родови, басни, реалистични приказни, разни изреки и друго. Приказните раскажуваат за верата, борбите, надежите и поразите на ликовите од еврејската заедница. Стариот Завет се дели на три основни делови: Историски книги и Пророчки книги.

Новиот Завет е централното писмено свидетелство на христијанството, во кое основната претставена личност е Исус Христос. Содржи 27 книги, од кои се евангелија, историја и дејност на првите христијани, писма и книгата Откровение. Напишан е на старогрчки јазик, кој во тоа време бил широко застапен, иако Исус и неговите ученици зборувале арамејски јазик. Изобилува со морални приказни и поуки за тоа како да се стане подобар човек.

Но, дали оваа книга, која наедно е и најпродавана во светот, крие тајни пораки?

(доколку симате проблеми со преводот на видеото кликнете на копчето CC во долниот денес агол, а доколку сакате да го промените преводот тоа може да го направите во Settings- Subtitles/CC)