HomeФЕР ПЛЕЈФудбалДали УЕФА ќе реагира на неспортскиот потег на Кристијано Роналдо?

Дали УЕФА ќе реагира на неспортскиот потег на Кристијано Роналдо?

Се шпекулира дека Португалецот би можел да заработи суспензија. Веруваме дека забележавте на синоќешниот натпревар како Кристијано Роналдо без топка и без никаква причина го шутна Шмелцер. Оваа ситуација се случи синоќе за време на второто коло од Лигата на шампионите во натпреварот меѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид. Кристијано помина неказнето, судијата Мак Клатенбург остана нем, а не заработи ниту жолт картон.

Меѓутоа, и покрај тоа што Клатенбург не реагираше за време на средбата има опција Роналдо да добие суспензија дополнително. По оваа прилика тој би требало да добие три натпревари суспензија. „Sky Sports“ излезе со информација дека Роналдо сигурно ќе биде казнет со три натпревари неиграње, но треба да почекаме УЕФА да излезе со официјално соопштение околу оваа ситуација.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com