Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаДали треба да пријавите данок ако сте имале добивка од игрите на среќа?

Дали треба да пријавите данок ако сте имале добивка од игрите на среќа?

Доколку во текот на изминатата година сте имале среќа па сте имале добивка од некои од игрите на среќа, тогаш во одредени случаи треба истите добивки да ги пријавите, а во други не.

Како што информираат од УЈП, во случај на добивки од посебни игри на среќа: казино, спортска прогноза и автомат клубови, истите не се пријавуваат во годишната даночна пријава. Доколку пак сте оствариле приходи од општите игри на среќа, лотарии, наградни игри, квизови и сл., кои се повисоки од 5.000 денари, тогаш задолжително треба да и тоа да го пријавите во вашата годишна даночна пријава.

Важно е да не го пропуштите рокот за поднесување годиша даночна пријава до 15 март, за оние кои нема да ја извршат обврската на време има парични казни.