Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаДали сте стартап кој ќе ја смени иднината – Аплицирајте на Founder Institute програмата

Дали сте стартап кој ќе ја смени иднината – Аплицирајте на Founder Institute програмата

Во време на неизвесност и криза предизвикана од пандемијата со КОВИД-19, претприемачите може да дадат придонес со идеи и решенија кои ќе водат кон промени и надминување на предизвиците.

„Кога има фундаментални промени во светот, паметните луѓе се зафаќаат со градење на иднината. Не знаеме што иднината носи, но што и да се случи, Founder Institute ќе ве поддржува на секој чекор“ велат од акцелераторот.

Затоа Founder Institute, еден од најголемите светски акцелератори за рана или почетна фаза во креирање на еден стартап, упатува повик за пријавување на новата програма која целосно ќе се реализира онлајн.

Крајниот рок за пријавување на Balkans Virtual 2020 програмата истекува на 25 октомври, па затоа сите стартапи или тимови кои имаат идеја за нови решенија треба да побрзаат и да се регистрираат на следниот линк.