Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветДали случајот со малезискиот авион ќе се најде пред меѓународен суд?

Дали случајот со малезискиот авион ќе се најде пред меѓународен суд?

И по една година, Холандија се уште е заинтересирана за расчистување на контроверзниот случај со малезискиот авион.
Холандија и нејзините сојузници ја разгледуваат можноста за отворање случај пред меѓународен суд, за гонење на осомничените за соборување на малезискиот патнички авион над Украина минатата година, откриваат извори од “Ројтерс” запознени со случајот.

Шансите дека овој процес ќе дојде до завршница се мали, но Холандија се надева дека ќе направи ангажман да вклучат суд, под покровителство на Обединетите нации во соработка со Русија, чија улога се смета за клучна. Меѓу 298 жртви од авионот на “Малезија ерлајнс” на летот MH17, две третини се Холанѓани, според Танјуг.
malezis
Со приближувањето на годишнината од авионската несреќа на 17 јули, холандските власти се под зголемен притисок да преземат акција. Поголемиот дел од холандската јавноста верува дека Русија го собориле авионот, додека Москва го негира ова и тврди дека авионот бил соборен од страна на украинската власт.

Русија дури и започна големи медиумски истражувања во кои во јавноста се изнесуваат докази кои го поткрепуваат тврдењето дека авионот не бил соборен од руската страна. Извори од Холандија потврдуваат дека се прават напори, со поддршка од Советот за безбедност на ОН да се воспостави меѓународен суд за да се справи со овој случај, по завршувањето на меѓународна истрага и именување на осомничените.