Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветДали Русија го сруши малезискиот авион?

Дали Русија го сруши малезискиот авион?

Делови од проектил може да ја компромитираат Русија во врска со соборувањето на малезискиот авион. Истражителите од Белгија, Австралија, Украина, Малезија и Холандија, кои ја водат истрагата за минатогодишното соборување на авионот на Малезија Ерлајнс, летот МХ17 над источна Украина нашле фрагменти што може да дошле од руски проектил земја-воздух „Бук“.

Обвинителите кажаа дека деловите „се од особен интерес за кривичната истрага зашто може да дадат повеќе информации за тоа кој е инволвиран во уривањето на МХ17“. Тие „ќе побараат помош од меѓународни експерти“, за да се утврди потеклото на деловите. Исто така, нагласија дека во овој момент „заклучок не може да биде изведен дека има причинско-последична врска меѓу откриените делови и уривањето на летот МХ17“.

Летот МХ17 се урна на 17-ти јули минатата година во украинскиот регион Доњецк, на територија држена од проруските сепаратисти кои се борат против украински владини сили. Сите 298 лица на него, во најголем дел Холанѓани, загинале. Кон крајот на минатиот месец, Русија стави вето на нацрт резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за поставување меѓународен трибунал за гонење на одговорните за соборувањето на летот МХ17.