HomeДЕНЕШНАПолитикаДали пап тестовите се точни? Гинеколозите реагираат…

Дали пап тестовите се точни? Гинеколозите реагираат…

По тврдењето на здружението на гинеколозите дека се сомневаат во точноста на пап тестовите кои ги прави клиниката и реакцијата на клиниката и обвинувањата до претседателот на здружението д-р Душко Филиповски, д-р Филиповски денеска испрати свој допис во кој ги негира сите наводи кои во своја одбрана ги изнесе клиниката, јави Телма.

На прашањето на клиниката зошто досега не пријавил кај надлежните за состојбата, д-р Филиповски одговара дека писмено пријавил два пати во март и во април кај директорката на клиниката и во министерството за здравство, за што понуди документи на увид. Докторот тврди дека немањето печат и потпис на резултатите не е поединечен технички пропуст како што тврди клиниката туку е така во над 90% од резултатите.

На укажувањето дека ако не верувал во паповите од клинката требало да бара второ мислење, а не да излегува во јавноста, докторот одговара дека јавно прозборел откако многу пациенти направиле второ и трето и дополнителни други истражувања кои ги побиваат резултатите од клиниката. Филиповски тврди дека редовно се надминува рокот од 30 дена максимум за добивање на резултатите и тој стига до 60 дена, за што се сомнева дека по толку време наодот од земениот материјал не може да биде точен. На тврдењето на клиниката дека мислењето на претседателот на здружението не го делат сите гинеколози, д-р филиповски пишува дека тоа е заеднички став над 2/3 од матичните гинеколози присутни на стручниот состанок одржан на 26 март годинава.

На прашањето, зошто не сум го раскинал договорот со ГАК за читање ПАП-тестови, пишува д-р филиповски, укажувам дека јас и другите матични гинеколози од Скопје, како и колегите од внатрешноста немаме друг избор, и мораме да ги праќаме ПАП-тестовите земени по програмата на Министерството за здравство за бесплатен ПАП-тест или со партиципација од 60,00ден (која ние ја уплатуваме на сметката на клиниката), во цитолошката лабораторија на клиниката, како референтна лабораторија во РМ.
ginekolog
На обвинувањето на клиниката дека матичните гинеколози не вршат доволно колпоскопски прегледи со кои би се регистрирале бенигни или малигни промени кај пацинетката, претседателот на здружението пишува дека, друга тема за која посебно треба да се дискутира е опременоста на матичните гинеколози со колпоскопи.

Оваа реакција доаѓа по тврдењето дека Здружението на гинеколози се сомнева во резултатите на пап-тестовите. Уреден наод на пап-тест, но никаде потпис и печат на докторот кој стои зад резултатот и гарантира дека тој е точен. Празно е местото и за податоците на цитотехничарот. На документот може да се видат само датумот на издавање на резултатот и печатот на здравстевната установа. Вака изгледаат 98 отсто од извештаите на пап-тестовите изработени во цитолошката лабораторија на Клиниката за гинекологија и акушерство, тврдат од Здружението на приватни гинеколози. Се сомеваат во точноста на резултатите. Велат овој просек е карактеристичен за високоразвиените земји, но е далеку од македонската реалност, јави Телма.

Покрај сомнежите за точноста на анализите во цитолошката лабораторија на Гинекологија, гинеколозите реагираат и на времето на чекање. Велат, стара болка е резултатите од пап-тестовите да доцнат, но проблемот се продлабочува. Од последните испратени брисеви поминале дури две месеци. Голем број од пацинетите одбиват да чекаат толку долго, па брисевите ги носат во приватни лаборатории. Резултатите кои се враќаат оттаму сериозно се разидуваат со оние од јавното здравство.Од клиниката за гинекологија ги отфрлија обвинувањата на здружението, нарекувајќи ги неосновано клеветење. Оттаму тврдат дека документите без потпис и печат се техничка грешка и ненамерен пропуст. На гинеколозите им порачаа дека доколку се соменевале во резултатите должни биле да побараат ревизија и пацинетката да ја упатат на второ мислење.

Процентот пак на пацинети со рак на грло на матка е еквивалентен на бројот на извршени колпоскопски прегледи, велат од клиниката. Ги повикаа гинеколозите да одговорорат колкав е бројот на ваквите прегледина правени во изминатите неколку години. Од клиниката тврдат и дека ставовите на претседателот на здружението не ги делат сите гинеколози кои членуваат таму. Прашуваат зошто Филиповски доколку бил незадоволен од услугите на клиниката досега не го раскинал договорот со неа. Од Министерството за Здравство пак останаа без коментар за тврдењата на здружението на приватни гинеколози. Не одговорија дали до нив стигнало укажување за проблеми со кои се соочуваат матичните гинеколози и дали и како постапиле по него.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com