Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалДали ова момче од 50 милиони е новата „десетка“ на Реал Мадрид?!

Дали ова момче од 50 милиони е новата „десетка“ на Реал Мадрид?!

Еден Азар дефинитивно не е единствената мета на Реал Мадрид, посебно не откако денес шпанските медиуми ја пренесоа веста дека од Мадрид го следат 17-годишниот напаѓач на Палмериас. Станува збор за помалку познатиот фудбалер Алан Соуза Гимареш, „десетката“ на Палмериас и на помладата репрезентација на Бразил. Шпанските медиуми пренесуваат дека скаутот на Реал Мадрид Хиуан Фигер веќе го известил раководството на Палмериас околу можен трансфер.

Иаако, од Палмериас истакнале дека ова момче има договор со овој клуб до 2019 година и откупна клаузула од 50 милиони евра. Реал сигурно не е подготвен да искешира толкава сума на пари за 17-годишен фудбалер, но до договор може да дојде, посебно доколку се знае дека сон на секој млад фудбалер е да заигра во голем тим како Реал Мадрид.