Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДали Македонија ќе го следи унгарскиот пример?

Дали Македонија ќе го следи унгарскиот пример?

Македонија размислува за изградба на ограда на границата со Грција, како онаа која Унгарија ја гради на границата со Србија, за да го спречи приливот на мигранти од југ.

Оваа информација ја пренесе министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Попоски во интервјуто за унгарскиот неделник ,,Figielo” изјави дека Македонија најверојатно ќе тргне по некој вид на физичка одбрана, иако тоа не би преставувало долгорочно решение.

Тој додаде дека Македонија ќе постави ограда или ќе ја распореди војската, а можна е и комбинација од овие две опции.