HomeДЕНЕШНАРепубликаДали ќе затвори Југохром? Рокот истече, Инспекторатот со решение за затворање

Дали ќе затвори Југохром? Рокот истече, Инспекторатот со решение за затворање

jugohrom

По истекувањето на рокот за поставување на филтри, Југохром ќе треба да ги изгасне печките – според решението кое денеска го донесе инспекторатот за животна средина. Министерот за животна средина оствари средба со градоначалничката, Теута Арифи и ја информираше за донесеното решение. Според него, решението е согласно законот. Арифи го поддржа решението. И таа смета дека е во корист на граѓаните на Полошкиот регион.

Од компанијата пак, велат дека конечната одлука треба да ја донесе Владата. До тогаш, „Југохром“ ќе работи.

Рокот за поставување на филтри во компанијата истече вчера.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com