Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДали ќе се укине плаќањето радиодифузна такса?

Дали ќе се укине плаќањето радиодифузна такса?

Белгискиот експерт Питер Ванхауте, како дел од пакетот на понудени решенија поврзани со медиумите предлага и да се укине радиодифузната такса и МРТВ да се финасира со 1 процент од буџетот. Тој предлага фиксен модел на финасирање, со околу 30 милиони евра од буџетот и смета сека тоа на МРТВ ќе и донесе уредничка независност и професионалност.

Вчера од Демократскиот сојуз рекоа дека во разговорите за реформа на медиумската сфера, неопходно е да се разработи концепт за целосна трансформација на Македонската радио-телевизија и да се обезбеди стабилно финансирање, главно преку буџетот.

– Во услови на голем број медиуми (радија и ТВ-станици), граѓаните не треба да плаќаат радиодифузна такса. ДС смета дека нема потреба граѓаните и компаниите и понатаму да ја финансираат политичката кампања на партиите на власт, преку плаќање радиодифузна такса од 190 денари – рекоа од ДС. Од партијата најавија дека наскоро ќе предложат промени во соодветните закони.