Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДали и Каплан како и Бидер е само пион во нафтената индустрија?

Дали и Каплан како и Бидер е само пион во нафтената индустрија?

Ниту една институција за сега не се заинтересира да истражи кои се луѓето кои стојат позади Балкан петролеум холдинг фирмата која сака да го преземе Макпетрол. И покрај сомнителните имиња кои се појавуваат и мрежата на повеќе офшор компании ниту финансиската полиција ниту комисијата за хартии од вредност не се одзваа на прозивиките.

До сега само двајца се појавија како официјални претставници, првиот е Ури Бидер кој според информациите на Телма вршел притисоци врз акционерите за продажба на акциите. Вториот е Александер Каплан кој пред неколку дена дошол во земјава за да даде интервју за интернет портал, а во својство на претставник на Балкан Петролеум.

Ако на интернет се истражат и двете имиња, тие имаат неколку заеднички работи. Зад нив стојат сомнителни луѓе и двајцата биле директори на рафинерии кои пропаднале и двајцата имаат по неколку компании на дестинации кои се офшор даночни раеви. Од она што до сега го дознава Телма, а сведочеа и романски новинари истржувачи израелецот со украински пасош Ури Бидер бил само пиун на луѓе кои ја уништиле најголемата рафинерија во Романија Рафо.
uri bider
Според новинарите тоа се луѓе кои се вклучени во црни бизниси во Русија, а по протекувањето на информациите од панама пејпрс Ури Бидер беше поврзан со сомнителниот руски олигарх Михаил Черни. А со уште еден контроверзен олигрх но овој пат од Украина, Сергеј Курченко, се поврзува и името на Александар Каплан, кој деновивее актуелен со интервјуто за плановите на како што вели неговиот тим од Балкан Петролеум.

Каплан бил директор во рафинеријата на Курченоко, Ветек која по превземањето во 2013, не работела. Курченко е човекот кој од 2014 се нашол на црната листа на европаската унија. Како причина Унијата напишала – Лицето подлежи на кривична постапка од страна на украинските власти за проневера на јавни фондови и средства. Токму поради ова Курченко е протеран од Украина.

И покрај тоа што Телма располага со многу документи кои ја докажуваат поврзаноста и на Бидер и на Каплан со многу сомнителни имиња и фирми до сега нема интерес од институциите.. Ниту една не се заинтересира за сомнителните инвеститори кои стојат зад фирма Балкан Петролеум, регистрирана во британија но со корени кои водат преку кипар па се до девствените острови.

Капиталот со кој е основана Балкан Петролеум е 1000 евра, а таа треба да уплати банкарска гаранција од 47 и пол милиони евра за да докаже дека е сериозен играч на нафтениот пазар.