Дали е заслужено? Ова е најпопуларната венчаница за лето 2016
Изборот на венчаници барем во ова време во кое живееме е навистина голем, а секоја девојка сонува за идеална, како од соништата. Во огромниот океан од венчаници од илјадници дизајнери во светот, еден фустан се издвојува како екстра популарен.
Фустанот „Hollie“ од брендот Grace Loves Lace е изборот на многу идни невести. Креацијата во бохо стил им го фати окото на 2,5 милиони кориснички на Pinterest. Австралискиот бренд објави дека неделно има по околу 500 заинтересирани дами конкретно за овој модел. Моментално фустанот е распродаден.
Поради огромниот интерес, беше создаден и моделот „Hollie 2.0“, кој е многу сличен на оригиналниот фустан, но има мали модификации. Новата верзија на венчаницата чини 1.650 евра.
Hollie 2.0 е достапна во бела боја и боја на слонова коска, а Grace Loves Lace ја опишуваат како венчаница создадена за невести кои сакаат да остават максимален впечаток, а фустанот да биде удобен и со минимални украси.
Цената на најпосакуваната венчаница на светот изнесува 2.200 долари и може да се нарача онлајн.