Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДадилка малтретирала бебе – Поднесена кривична пријава

Дадилка малтретирала бебе – Поднесена кривична пријава

Семејство од Скопје поднесе кривична пријава против дадилка која била ангажирана да го чува нивното 9 месечно бебе, но таа наместо тоа го малтретирала и се однесувало грубо. Случајот е разгледан од јавен обвинител кој смета дека постои основано сомневање за сторено кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик, за што се заканува казна затвор од една до десет години. При тоа, донесена е Наредба за спроведување истражна постапка и до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесен е Предлог за определување на мерка – Притвор против осомниченото лице, поради постоење опасност од повторување на делото.