Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионДачиќ против приемот на Косово во УНЕСКО

Дачиќ против приемот на Косово во УНЕСКО

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ му испратил писмо на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун по повод намерата Косово да стане членка на УНЕСКО, нагласувајќи дека тоа за Србија е неприфатливо, бидејќи Косово не може да се смета како држава.

Тој во писмото истакнува дека Србија не го сменила својот став во однос на статусот на покраината, иако се соочува со барања и настојувања од страна на Приштина да се вклучи во работата на меѓународните организации надвор од контекстот на договорот за регионално претставување и соработка.

„Тоа за Србија е неприфатливо. Косово како територија, согласно важечката и обврзувачка резолуција 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, не може да се смета за држава, а со тоа и да се квалификува за прием во УНЕСКО“, напишал Дачиќ.

Шефот на српската дипломатија укажува дека секој друг потег околу разгледување на прашањето за членство на Косово во УНЕСКО ќе претставува игнорирање, односно повреда на правните одредби постигнати под покровителство на ОН за одржување на меѓународниот мир и безбедност.