Saturday, Jul 22, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионДачиќ обвинува: ЕУ и понудила на Русија гасовод кој ќе ги заобиколи Македонија и Србија

Дачиќ обвинува: ЕУ и понудила на Русија гасовод кој ќе ги заобиколи Македонија и Србија

97927

Официјални лица од ЕУ ѝ нуделе на Русија да се изгради гасовод кој би се нарекол “Источен прстен” и кој би минувал низ Бугарија, Романија, Унгарија и Словачка, додека Македонија и Србија би биле заобиколени.

Првиот потпретседател на Владата на Србија, Ивица Дачиќ, денес изјавил дека од руските колеги дознал дека официјални лица од ЕУ ѝ нуделе на Русија да се изгради гасовод кој би се нарекол “Источен прстен”, а би се движел низ Бугарија, Романија, Унгарија и Словачка, додека Македонија и Србија би биле заобиколени.

Тој после разговорот со претседателот на Управниот одбор на “Гаспром”, Алексеј Милер, потенцирал дека толкаво лицемерие од функционерите во Брисел не ни можел да замисли, бидејќи тие биле главните кои што преземале сè што е можно за да пропадне проектот “Јужен тек”.
gasovod-ne-preku-mk-srbija-01
– Генерално, кога рускиот гас треба да оди за Србија, тоа е тогаш политички проблем, а кога треба да оди за западна и северна Европа, тогаш тоа е економија која нема врска со политика, им посочил Дачиќ на новинарите во Санкт Петербург, каде ја предводи делегацијата на Србија на Меѓународниот економски форум.

Ако се испостави дека ова е точно, нешто за што прв пат и слушам, тоа заслужува сосема сериозни разговори со Европската комисија, за нивниот однос кон Србија, нивниот интерес кон Србија и граѓаните на Србија, потенцирал Дачиќ.

Дачиќ навел дека во разговорот со Милер уште еднаш била потврдена определеноста на Србија за продолжување на соработката со рускиот енергетски гигант при што потсетил дека цела Србија била разочарана поради пропастот на проектот за изградба на гасоводот “Јужен тек”, кој за Србија би бил од животен интерес.

Имајќи предвид дека кон крајот на 2019-тата година ќе биде прекинат транспортот на рускиот гас преку Украина кон Европа, и дека тоа значи и прекин на снабдувањето за Србија, Дачиќ пренел дека денес дознал две многу важни нешта, од кои едната е токму “Источниот прстен”.

Напоменувајќи дека Србија е и понатаму заинтересирана за можност за снабдување со руски гас, Дачиќ од разговорот со Милер и неговите соработници пренел дека кон крајот на месец јули ќе биде започнато поставувањето на цевките во Црно море кон Турција за идниот гасовот “Турски тек”.
juzen-tok
Според зборовите на Дачиќ, Милер утре со грчката влада ќе потпише Меморандум за формирање на заедничко претпријатие за дистрибуција на гас. Тоа, според Дачиќ, говори за фактот дека сепак постојат некакви реални можности дека тој иден гасовод би можел да оди преку Турција, Грција, Македонија, Србија и понатаму кон Унгарија и Австрија, пренел шефот на делегацијата на Владата на Србија.

Дачиќ исто така изјавил дека тоа би можело да биде продолжение на проектот кој Србија го започнала со Руската Федерација во претходниот период, во кој биле формирани заеднички претпријатија и дека од сите држави, токму Србија постигнала најзначаен расчекор.

Делегацијата на Владата на Србија, во која се и министрите за финансии и економија, Душан Вујовиќ и Жељко Сертиќ, разговарале со рускиот министер за енергетика, Александар Новак, кој е ко-претседавач на Мешовитиот комитет за соработка помеѓу Србија и Руската Федерација, а Дачиќ е ко-претседавач во името на српската страна.

– Разговаравме за седница на Мешовиот комитет. Констатиравме дека минатата година обемот на странски размени бил најповолен за Србија во изминатите пет, шест години, бидејќи достигнал речиси 3.5 милијарди долари, но многу е поважно да се дојде до зголемување на српскиот извоз во Руската Федерација, навел Дачиќ.

Првиот потпретседател на владата пренел и дека во разговорот со Новак имало зборови и за понатамошна либерализација на надворешно-трговскиот режим, односно за можностите за веќе од месец август, како што кажал и самиот Новак, да добијат позитивни одлуки земјите – членки на Евроазиската економска унија (Русија, Белорусија и Казахстан) за одредени квоти за извоз во Русија, со што тој извоз би можел да се реализира во втората половина на годината.

Со министерот Новак било разговарано и за потребата да се реши прашањето за одобрување на работните дозволи за граѓаните на Србија кои работат во Руската Федерација, имајќи предвид дека тие се често жртви на криминалните работодавци кои ги доведуваат без легални документи и со тоа дозволуваат вовлекување на работниците во прекршоци.
Утре претстојат разговори за аранжманите за снабдување со гас за српските претпријатија, како и разговори за политички теми со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Се очекува дека на учесниците на Меѓународниот економски форум ќе им се обрати и рускиот претседател Владимир Путин. Форумот во Санкт Петербург, кој се одржува од 18-ти до 20-ти јуни, под слоганот “Време е за акција: со заеднички сили кон стабилност и раст”, се собрале повеќе од 1.600 компании, од кои 840 странски.