Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДачиќ: Не ја менуваме одлуката за името на Македонија

Дачиќ: Не ја менуваме одлуката за името на Македонија

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека Србија не ја променила одлуката за името под кое ја признава Македонија.

По средбата со македонскиот колега Никола Димитров, Дачиќ рече дека е неопходно двете земји да се однесуваат отворено и искрено.

– Нас нè боли што ја признавме Македонија под уставното име, за што ни забележа Грција, која, пак, не го призна Косово, додека Македонија тоа го стори – истакна Дачиќ потенцирајќи дека Косово било признато од страна на претходната Влада, а не од владиниот кабинет на Зоран Заев.

– Без оглед на сè, ние не ја менувавме одлуката – рече Дачиќ.