Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДачиќ му порача на Заев: Вака не се однесуваат пријателите на Србија

Дачиќ му порача на Заев: Вака не се однесуваат пријателите на Србија

Зошто Зоран Заев не ги напаѓа албанскиот и косовскиот премиер Еди Рама и Хашим Тачи, сигурно не е толку наивен за да не знае дека концептот на голема Албанија не е комплетен без Скопје, вели Ивица Дачиќ. српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи во писмената реакција испратена до Танјуг. Тој рече дека пријателите на Србија не се однесуваат онака како што Зоран Заев, лидерот на СДСМ настапил во интервјуто за српски Курир, пренесува Радио-телевизија Србија (РТС).

Србите се најголеми и најдобри пријатели на Македонија, а вака како што Заев настапи не се однесуваат пријателите на Србија, изјавил Дачиќ.

Заев во интервјуто за „Курир“ изјави дека во Србија на власт е националистичко раководство.

„Не знам со што Александар Вучиќ и Владата на Србија заслужија ваков брутален и скандалозен напад од страна на претендентот за местото македонски премиер Зоран Заев. Зарем не му се доста проблемите кои ги има во Скопје, па сега ги бара и во Белград?“, запраша Дачиќ.

Тој потсети дека Вучиќ со денови и месеци повикувал на мирно решение на проблемот во Македонија, немешајќи се во внатрешните работи, бидејќи тоа можело да предизвика нестабилност во целиот регион.

„Зошто Заев не ги напаѓа Рама и Тачи, туку Вучиќ? Не е тој толку наивен за да не знае дека концептот на голема Албанија не е комплетен без Скопје“, навел Дачиќ во писмената изјава испратена до агенцијата Танјуг.

Според неговите зборови, како што македонските граѓани имале право на слободен избор на свое раководство, нема ни многу посилни земји од Македонија да одредуваат кого ќе изберат граѓаните на Србија и на тоа не можат да влијаат ниту многу поголеми лидери од Заев.

„Србија кон Македонија беше искрена, ја призна под уставното име, иако поради тоа имаше проблеми со Грција. Ниту еден збор не изговори со што би се вмешала во нејзините внатрешни работи, а Македонија го призна Косово, гласаше против Србија во УНЕСКО и сега кандидат за премиер брутално го навредува раководството на Србија и убедливо избраниот претседател Вучиќ. Сега само уште фали да се изгласа резолуцијата за српскиот геноцид врз Албанците“, вели Дачиќ.

Заев во вчерашното интервју за српки Курир изјави дека во Србија „на власт е националиситчкото раководство на Александар Вучиќ кој се деклалирал како лидер во регионот, но при првата прилика кога стана загрозена неговата политичка кариера се покажаа сите негови националистички позиции“.

И српскиот министер Александар Вулин реагираше на овие изјави на Заев. Заев сам го смислил нападот врз Вучиќ, или тоа му го рекле Рама, Тачи или Џафери, праша Вулин.