Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионДачиќ: Хрватска купува ракети за да ја нападне србија

Дачиќ: Хрватска купува ракети за да ја нападне србија

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ тврди дека Хрватска набавува ракети, кои најверојатно ќе ги употреби против Србија.

Во изјава за тв Н1, дачиќ рече дека претпоставува дека оружјето кое Хрватска го набавува може да биде употребено само против Србија.

„Не верувам дека ќе ја гаѓаат Австрија, Италија, Босна и Херцеговина, евентуално Република Српска, така да се е тоа логочно. Јас не знам што ќе ви е тоа“, рече Дачиќ.

Инаку, Хрватска од САД побара 16 лансирачки ракети кои можат да испалат балистички ракети.