Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионДачиќ: Ги предупредувам Албанците да не си играат со оган

Дачиќ: Ги предупредувам Албанците да не си играат со оган

Ивица Дачиќ, српскиот министер за надворешни работи ги предупреди Албанците од југот да не прават паралела меѓу Заедницата на српски општини на Косово и Метохија и Асоцијацијата на општини со албанско мнозинство.

Коментирајќи ги најавите на лидерот на Албанците од Југот на Србија за формирањето на таа Асоцијација, Дачиќ на предизборниот митинг во Медвеџа, каде во недела ќе се одржат вонредни локални избори, рекол делка Албанците во Србија не смеат да бидат дискриминирани, но мора до го почитуваат нејзиниот Устав.

“Ги предупредувам, во сабота во Прешево да не прават никаква паралела со Заедницата на српските општини на Косово и Метохија, ги предупредувам да не си играат со оган и да го почитуваат Уставот и поредокот на Република Србија. Тоа што Србија е за дијалог, не значи дека е слаба, напротив таа е силна, најсилна во последните 20-30 години”, нагласил министерот.

Дачиќ оценил дека е лага тврдењето на албанскиот премиер дека Србија ја признала независноста на Косово со тоа што води преговори во Брисел.

„Денес слушнав дека албанскиот премиер изјави дека Србија го признала Косово и Метохија со тоа што води преговори во Брисел. Тоа е лага. Сакам да им порачам на Албанија и на Албанците дека Србија сака добри односи во регионот и на албанското национално малцинство му гарантира рамноправност, но Србија нема да дозволи некој да ја понижува и да и го загрозува нејзиниот територијален интегритет”, рекол Дачиќ.