Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДа се исполнат реформите до октомври за позитивен извештај на ЕУ

Да се исполнат реформите до октомври за позитивен извештај на ЕУ

Јоханес Хан ги пренесе најважните пораки за евроинтеграциите на Македонија кои ќе зависат од исполнување на сите договорени точки од политичките за реформи кои мора да се решат до почетокот на октомври за државата повторно да добие позитивен извештај од Европската комисија.

Комесарот за проширување за време на средбата во Националниот совет за евроинтеграции го поздрави изгласувањето на Законот за специјален обвинител како и назначувањето на обвинителката Катица Јанева која треба да има целосна институционална и техничка слобода за да ги заврши своите обврски.