Tuesday, Oct 17, 2017
HomeАНТИСТРЕСХуманостДа помогнеме: НМСМ со повик за волонтери во поплавените подрачја

Да помогнеме: НМСМ со повик за волонтери во поплавените подрачја

poplava cento

Во пресрет на катастрофата која зафати големи подрачја од Скопје, Националниот младински совет на Македонија отвора повик за волонтери во поплавените подрачја во Скопје.

За таа цел НМСМ ги повикува сите млади лица, младински организации, организации за млади да се вклучат во акцијата и воедно да го обележат 12 август, Меѓународниот ден на младите преку хуманитарна акција.

Потребни се волонтери за грижа на цивилното население (возрасни и стари лица, повредени лица итн.); расчистување на ѓубрето и сметот; дистрибутери за храна, вода, лекови, средства за хигиена и др.

Аплицирањето е едноставно, со пополнување на електронската пријава која можете да ја најдете на овој линк.

Базата на волонтери која ќе биде креирана од Националниот младински совет ќе биде ставена на располагање на сите неформални групи, национални и меѓународни институции и организации кои формално или неформално организираат хуманитарни акции во поплавените подрачја како и Дирекцијата за заштита и спасување која во посредство на Националниот младински совет на Македонија ќе координира исто така дел од волонтерите.

Националниот младински совет на Македонија е во можност да ги снабди волонтерите со ракавици и заштитни маски и воедно апелира волонтерите задолжително да се снабдат со гумени чизми. Исто така НМСМ повикува, доколку некој има одвишок опрема или дополнителна опрема (метли, џогери, лопати, алат итн.), да ги достави истите во просториите на НМСМ на ул. Костурски Херои бр.51/2 или да се јави на 078 350 531 за дополнителна координација.

Национален младински совет на Македонија повикува на солидарност со населението погодено од поплавите и ги повикува сите млади да го обележат Меѓународниот ден на млади со конкретна акција која во моментов некому живот значи.