Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСХуманостДа им помогнеме на мигрантите

Да им помогнеме на мигрантите

Во четврток, 25 јуни, се организира собирање хуманитарна помош за мигрантите кои транзитираат низ Mакедонија.
„Да придонесеме во намалување на страдањата низ кои минуваат бездомните луѓе и деца додека транзитираат низ нашата земја, да ги олесниме нивните маки, да внесеме трошка светлина во нивните животи“, велат организаторите.

Биокосмос ги става на располагање своите продавници во Велес, Скопје, Охрид, и Битола на ден 25 јуни 2015 (четврток) од 9-17 часот како собирни места каде сите хумани луѓе од земјава може да донираат помош. Хуманитарната помош собрана во Биокосмос ќе биде доставена до хуманитарниот центар во Демир Капија.
migr
Потребни се:
-ХРАНА (леб, намази, житни барсови, вода, нерасиплива конзервирана храна (не свинско), кроасани, за децата млеко, бисквити, бебешка храна, цуцли….)
-ОБЛЕКА (блузи на кратки ракави, ранци, капчиња со стреа, детски шеширчиња, удобни обувки за пешачење, чорапи, кенгури за деца)
-МЕДИЦИНСКА ПОМОШ (гази, многу завои, спреј за рани, бетадин, фластери, аналгини, витамини, магнезиум, електролити, капки за очи)
-ХИГИЕНСКИ СРЕДСТВА (влажни марамчиња, пелени за деца….)

Се што сакате да донирате може да се остави во Биокосмос продавниците на следниве локации:
– Скопје Центар, (зад Работнички универзитет, на паркингот на ССМ) 02 240 3768,
– Скопје Капиштец (т.ц. Беверли Хилс) 02 316 6135,
– Скопје Тафталиџе (внатрешно во СП маркет) 02 3065 999
– Скопје Буњаковец (наспроти пазарот) 02 614 4966,
– Скопје Аеродром (т.ц.Бисер) 02 2454 929
– Скопје Ѓ. Петров (кај пазарот) 02 614 7118
– Скопје на Водњанска (наспроти Државна болница) 02 3113 573
– Скопје Драчево (наспроти пазарот) 02 274 4101
– Велес (спроти Гимназија) 043 221 811
– Охрид (наспроти Охридска банка, во Ремис зградата) 046 23 00 24
– Битола (во Стара Чаршија, близу влезот на пазарот) 047 552 017
Повеќе инофрмации кај Анета 077/893 750 biona.bio@gmail.com.