Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДа ги поддржиме македонските таленти преку „ Добар проект“

Да ги поддржиме македонските таленти преку „ Добар проект“

Македонија е плодна земја која дава многу талентирани деца, но често се случува поради недостиг на финансиски средства да ги реализираат своите амбиции. Затоа, во рамките на петто издание на Skopje Design Week, беше промовирана и иницијативата “Добар проект” како нова платформа за поддршка на младите таленти преку јавни донации и финансирање.

dobar proekt2

Првиот добар проект е наменет за 10 годишниот Милан Дучевски, пијанист, добитник на 6 први награди кој заедно со својот ментор, Маја Стојановиќ од Пијано Форте треба да отпатуваат на европското првенство во Италија во април, следната година. За таа цел, потребно е да да се соберат 3.500 евра сè со цел овој добар проект да се нарече – успешен.

Целата иницијатива ја започна и ќе ја поддржува агенцијата за односи со јавност – Навигаторс, кои постојано ќе трагаат по добри проекти и ќе ги презентираат пред јавноста.

nena gievska

“Сакаме да создадеме навика кај фирмите, но и кај нас лично, секогаш да донираме на оваа платформа, а сите информации ќе бидат објавувани на www.dobarproekt.mk и на фејсбук страната”, изјави Нена Гиевска, проект менаџер на “Добар Проект”.

Талентираните деца во Македонија бараат анагажираност од сите нас и затоа очекуваме да се вклучат голем број на граѓани. Тоа се ретки исклучоци и затоа им е потребна дополнителна нега и внимание. Дизајнот на веб страницата го овозможи агенцијата за дигитален маркетинг – Перфект.