Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСХуманостДа бидеме хумани-да му помогнеме на малиот Михаил!

Да бидеме хумани-да му помогнеме на малиот Михаил!

Ги замолуваме сите хумани луѓе да му помогнат на ова ангелче да продолжи со својот живот.

Михаил Митрески од Охрид има 1 година и 8 месеци и боледува од Ретинобластома (тумор на мрежницата на левото окце).

Ретинобластома е опасен малиген тумор кој освен окото го загрозува и животот на детето, се шири агресивно и затоа бидејќи во нашата земја не се врши таков тип на операција, ќе биде потребно што е можно побрзо да се однесе на лекување во очна клиника во странство.

-Сумата ќе зависи од тоа до која фаза е туморот. Затоа ни се потребни големи финансиски средства за лекување, пат и престој кои сами не сме во можност да ги подмириме. Поради тоа ве замолуваме ако сте во можност да му помогнете на нашиот син да го продолжи својот живот, вели семејството на Михаил.

Како да помогнете? Со донирање на следнава жиро сметка:

250-0190003434-27
Шпаркасе Банка
на име на Михаил Митрески

Ана и Лазе Митрески, родителите на малиот Михаил, однапред ви се заблагодаруваат.