Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионCzech Airlines ги обновува летовите до главните градови од Екс-Ју земјите

Czech Airlines ги обновува летовите до главните градови од Екс-Ју земјите

Директорот за маркетинг и услуги на чешката авиокомпанија Czech Airlines, Јан Тот, најави активирање на старо-новите летови за патниците од поранешните југословенски земји.

Компанијата информира дека засега во оптег ќе бидат летовите до Скопје, Загреб и Сараево. Летот од Чешка до хрватската престолнина ќе се реализира во текот на целата календарска година, додека летовите до Скопје и Сараево ќе бидат функционални само во летниот период. Во план е наскоро да се пуштат билетите во продажба а што се однесува до термините за летови, полетувањата ќе се реализираат почнувајќи од раните утрински часови а пристигнувањата доцна попладне.