Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСХуманостЦрвен крст со кампања за хуманите потреби на мигрантите

Црвен крст со кампања за хуманите потреби на мигрантите

Црвениот крст на Република Македонија со поддршка на Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина денеска организира работилница со претставници на медиумите во рамки на кампањата за подигнување на свеста за хуманите потреби на мигрантите и активностите за поддршка што ги спроведува Националното друштво.

Од Црвениот крст на РМ информираат дека обезбедуваат интензивна поддршка и помош за мигрантите кои транзитираа низ Република Македонија, како и за лицата кои се наоѓаат во центрите на граничните премини.

Активностите на Националното друштво се спроведуваат од страна на 260 волонтери и вработени кои контиунирано во текот на целиот ден обезбедуваат поддршка за најранливите мигранти во прифатните центри близу граничните премини: кај Гевгелија (кон Грција) и Табановце (кон Србија).

Активностите на Црвениот крст на Република Македонија се поддржани од повеќе домашни и меѓународни донатори. Поддршката на Националното друштво за мигрантите е во форма на обезбедување храна, хигиенски пакети, прва помош, воспоставување на семејни врски…