Monday, Jul 24, 2017
HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмос(Видео) Црн чад над „Кенеди“: Експлодира ракета при лансирање

(Видео) Црн чад над „Кенеди“: Експлодира ракета при лансирање

raketa eksplozija

Експлозија се случила во вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида на денот кога компанијата Спајсекс се подготвува да истрела беспилотна ракета, соопшти Би-Би-Си.

НАСА вели дека Спајсекс утрово спроведувал тест пукајќи од својата беспилотна ракета кога се случила експлозијата. Тестот, кој се смета за рутински, се вршел пред планираното саботно лансирање од Кејп Канаверал.

Повеќе експлозии кои траеле неколку минути се почувствувале во зградите оддалечени неколку километри. Првите слики од спејс центарот покажуваат високи и густи облаци од чад, како се надвиснати над платформата.

Се уште не е позната причината за експлозијата, ниту дали има повредени.