Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЦистерна поради дефект го стопираше железничкиот сообраќај кај Табановце

Цистерна поради дефект го стопираше железничкиот сообраќај кај Табановце

Рано утринава е стопиран железничкиот сообраќај кај граничниот премин Табановце поради дефект на цистерна од која течело плин, соопштува полицијата. Плинот од Србија со композиција бил пренесуван во Македонија.

Проблемот настанал околу четири часот рано изутрина кога забележале како од една од цистерните на возот течело плин и заради безбедносни причини, сообраќајот бил прекинат.

По неколку часа дефектот бил отстранет и железничкиот сообраќај повторно е пуштен.