Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЧичаковски: Над 200 илјади гласачи се спорни, 70 илјади немаат никави записи

Чичаковски: Над 200 илјади гласачи се спорни, 70 илјади немаат никави записи

Александар Чичаковски, претседателот на Државната изборна комисија, за порталот Сакам да кажам пренесе дека 226.000 гласачи се уште се водат како спорни со тоа што дел од нив имаат некакви записи во евиденција, додека пак од нив дури 71.000 воопшто не се дел во никакви евиденција, немаат валидни документи во правниот промет, а добиле лични карти и државјанства и со тоа право на глас и упис во избирачкиот список. Од теренската проверка пак, 39.000 избирачи, кои при спроведените теренски проверки не се најдени и за кои постои сомнеж во однос на вистинитоста на адресниот податок кој стои во евиденцијата за живеалиште на МВР и во личните карти или патни исправи.

„Во моментов службите работат напорно да се создадат технички услови за фотографиите на гласачите да бидат вградени во Избирачкиот список, за да се спречи можноста за злоупотреба на избирачкото право. До септември се надевам ќе завршиме. Тука ни помага ИФЕС. МВР почна веќе да ги праќа фотографиите, апликацијата се прави, за да може тоа да се имплементира. Првиот модул од апликацијата до септември мислам дека ќе го имаме. Не е битно кога ќе се одржат изборите. Октомври, ноември, март, мај, кога и да е, тоа е една добра гаранција дека нема да се гласа во друго име. Со развојот на сите модули на апликацијата која треба да заврши до декември, ќе овозможи ДИК да може самостојно да ја врши методолошката обработка на Избирачкиот список“, изјави Чичаковски за СДК.

Тој оцени дека за крајно прочистување на избирачкиот список потребна е целосна соработка со државните институции во кои немало доверба од политичките партии во перидот пред изборите, но сега има услови доколку се наметне политичка волја за надминување на проблемите.

Извор: sdk.mk