Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЧудо: Пет дена по пад на авион мајка и бебе најдени живи

Чудо: Пет дена по пад на авион мајка и бебе најдени живи

Спасувачките екипи денеска во џунглата во северозападниот дел на Колумбија пронајдоа преживеани мајка и бебе, кои од саботата се водат како исчезнати по уривање на авион. Осумнаесет годишната Нели Муриљо и нејзиниот син Јудиер Морено, кој се уште нема една година, се пронајдени во близина на местото каде се урна авионот „цесна 303“.
avion
– Тоа е вистинско чудо. Станува збор за огромна дивина, изјави командантот на колумбиските воздухопловни сили Хектор Караскал. Мајката и детето, кои се здобиле само со полесни повреди, со хеликоптер биле пренесени во болница.
Пилотот на авионот Карлос Марио Кебалос загина во авионската несреќа, а причината за уривањето засега е непозната.