Monday, May 29, 2017
HomeДЕНЕШНАСкопјеЧучер Сандево ја добива првата градинка за 150 дечиња

Чучер Сандево ја добива првата градинка за 150 дечиња

Во општина Чучер Сандево ќе се забрза изградбата на првата детска градинка која ќе има капацитет за згрижување на 150 дечиња кои живеаат на територија на повеќе села и населени места. Градинката доби средства од општината во износ од 10 милиони денари и 8 милиони денари од Министерството за труд и социјална политика за довршување на градбата до наредната година.

gradinka spasov

„Станува збор за градинка која ќе има капацитет да згрижи околу 150 деца и е од голема важност за жителите на оваа општина со оглед на тоа што ова е и нивно долгогодишно барање, но и ветување на Владата дека ќе помогне во отворање на детската градинка. Очекувам општината, со оглед на фактот дека ние како МТСП веќе трансфериравме средства за доградба и опремување на овој објект, да го заврши целосно на почетокот на првата половина од 2016 година“, истакна министерот Диме Спасов.

Со ова ќе се реши големиот проблем на родителите кои мораа своите деца да ги сместуваат во градинките во соседните општини кои се одалечени и на десетина километри.