HomeДЕНЕШНАРегионХрватската старлета може да заврши во затвор поради уцена – засилена борбата против елитната проституција

Хрватската старлета може да заврши во затвор поради уцена – засилена борбата против елитната проституција

Хрватската старлета Ава и нејзината мајка Сања се ослободени од вината за уцената на Живко Нижиќ, додека тогашниот свршеник на Ава, Шпиро Миличиќ ја признал вината и осуден е на две години и 7 месеци затвор. Сепак повисокиот суд не е задоволен со пресудата и повторно покренува постапка, што значи дека и старлетата може да заврши во затвор.

„Не знам кој повторно покрена постапка, но не се плашам. Покана за рочиште не сум добила, но дознав од медиумите и контактирав со својот адвокат. Во понеделник нема да се појавам на суд поради болест на мајка ми, но секако ќе отидам во Хрватска, бидејќи следното рочиште ќе биде брзо“ – рекла Ава.

Таа во октомври 2009 година е приведена со мајка и и свршеникот поради сомневање дека преку компромитирачки СМС пораки кои на Ава и ги праќал нејзиниот професро Нижиќ, се обиделе со уцена од него да добијат 9.000 евра.

Хрватските и српските власти годинава ја засилија борбата против елитната проституција и измамите поврзани со неа. Досега беа откриени неколку политичари, водители и јавни личности поврзани во оваа мрежа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com