HomeДЕНЕШНАРегионХрватска се предомисли за воведување винетки?

Хрватска се предомисли за воведување винетки?

Хрватска најверојатно нема да ја спроведе идејата за воведување на винетки за наплата на патарини. Анализата покажала дека за Хрватска е подобро да го задржи постоечкиот систем на наплата со негови додатни подобрувања, нешто што го заговара и Европската унија

Еден од главните заговорници на новиот систем на наплата на патарините е министерот за сообраќај Олег Бутковиќ, кој овие денови ја смени реториката.

После анализата на трошоци и бенефити, преовладале аргументите против винетки па во иднина ќе се развива постоечкиот систем на наплата по принципот „колку возиш, толку плаќаш“. Тоа го потврил самиот Бутковиќ и додал дека во овој момент најбиско решение е автоматизацијата на наплата, додека винетките се во втор план.

Автоматизацијата на наплата која ја споменува министерот Бтуковиќ подразбира понатамошно унапредување на постоечкиот систем, а во иднина воведување на напреден GPS систем на наплата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com