HomeДЕНЕШНАРегионХрватска: Откриена салмонела во пилешко и мисиркино месо

Хрватска: Откриена салмонела во пилешко и мисиркино месо

hrvatska-meso-salmonela

Во неколку трговски ланци во Хрватска во продажба е откриено пилешко и мисиркино месо полно со салмонела, кое е увезено од Полска и од Италија. Од надлежното министерство информираат дека превентивно инспекторите се на терен и се вршат контроли за да се утврди каде се се продава ваков вид месо во Хрватска и во кои трговски ланци.

Како што првично информираа од хрватското министерство за земјоделство вакво месо се продава во трговскиот ланец на Кауфленд произведено за Metro Cash amp; Carry te. Како што велат надлежните салмонелата е пронајдена во смрзнато пилешко филе од А-класа со тежина од 500 грама и свежо мисиркино со тежина од 750 грама, со рок на траење до 24 ноември годинава кое е по потекло од Италија. Пилешкото пак е со лот број 160715255, рок на траење до 14 седми 2017 година, произведено од Zakłady Mięsne “UNIMIĘS” Sp. z o. o., ul. Powstańców Styczniowych 932-500 Chrzanó, Полска.

Според хрватската ветеринарна управа ова месо не е во склад со уредбата која е одобрена од Еворопската комисија за микробиолошки критериуми за храна.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com