HomeДЕНЕШНАРегионХрватска обвини шестмина офицери на поранешна ЈНА за воени злосторства

Хрватска обвини шестмина офицери на поранешна ЈНА за воени злосторства

Регионалното обвинителство во Сплит вчера покрена нови обвиненија за воени злостроства против шестмина поранешни српски команданти, информира хрватскиот сајт Индекс.хр.

Еден од обвинетите е генералот од резервата на поранешната Југословенска народна армија (ЈНА) , Борислав Ѓукиќ, против кого веќе е покренато обвинение за разурнувањата на браната на вештачкото езеро Перуча, во 1993 година. Обвиненија се покренати и против четворица полковници и еден потполковник на ЈНА.

Обвинителството ги товари дека како воени команданти издавале наредби за артилериски гранатирања и напади врз пешадијата во населбите во регионот на Шибеник.

Обвинителството во Сплит ги товари дека „знаеле дека нивните војници систематски го убиваат, тепаат, малтретираат и измачуваат хрватското население во окупираните реони, дека силуваат жени, палат и минираат станбени и стопански објекти, како и католички религиозни објекти“.

Како команданти тие не ги презеле неопходните мерки за спречување на ваквото поведение на своите потчинети, туку го дозволиле извршувањето на кривичните дела и нивните војници, поттикнати од поведението на своите команданти, продолжиле без пречки да ги извршуваат злосторствата.

Под нивна команда биле убиени 118 цивили, силувани биле пет жени и иамло обиди за силуваат на уште седум други, се наведува во обвинителниот акт. Во документот се дополнува дека од своите домови биле прогонети многу луѓе и биле уништени многу објекти.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com