HomeАНТИСТРЕСПатувањеХрватска ја доби титулата – светска туристичка дестинација за 2016 година

Хрватска ја доби титулата – светска туристичка дестинација за 2016 година

hrvatska

Американското списание за туризам „Travel and Leisure“ (T+L) ја прогласи Хрватска за светска дестинација на годината, откако земјата доби најголем број гласови од читателите, кои гласаа онлајн. Хрватска освоила 28 проценти од гласовите, а на второ место со 24 отсто од гласовите е Португалија. Но, Португалија е прва според изборот на редакцијата на „T+L“.

За светска дестинација годинава беа номинирани Портланд, Хаваи, Париз, Нов Зеланд, Исланд и Рио де Женеиро. Минатата година читателите ја избраа Куба за светска дестинација.

„T+L“ ја опишува Хрвтска како „скапоцен камен во круната на Јадранско Море“, а ја потенцира и убавината на Сплит и Дубривник. Голема улога во изборот на Хрватска имаше и снимањето на сцени од серијата „Игра на троновите“ во Дуброовник. Списанието ја спомнува и богатата историја на главниот град на Хрватска, Загреб, потоа островите и националните паркови, раазновидната храна и добрите вина.

„T+L“ излегува месечно и има околу пет милиони читатели.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com