HomeДЕНЕШНАРегион„Храбриот“ Додиќ исплашен од насилство на протести во Сараево

„Храбриот“ Додиќ исплашен од насилство на протести во Сараево

Претседателот на Република Српска откако успешно го спроведе референдумот за продолжување на националистичката реторика сега ги повикува сограѓаните да не протестираат пред зградите на државното обвинителство или суд во Сараево бидејќи не е безбедно и може да има напади врз неговите приврзаници.

Додиќ е исплашен по изјавите на Бакир Изетбеговиќ дека ќе има слична судбина како и Моамер Гадафи, па затоа бара сослушувањето да се изврши во правосудна институција во Бања Лука.

dodik-referendum

Референдумот беше само почеток на проблемите во БиХ со барање од државните институции да го прифатат и реализираат, додека пак федералниот суд и обвинителство го сметаат за незаконски, доволна причина за протести и можни судири на национална основа во Сараево.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com