HomeДЕНЕШНАПолитикаХовит се сретна со Јанева и се пофали на Твитер

Ховит се сретна со Јанева и се пофали на Твитер

Британскиот европратеник Ричард Ховит денеска оствари средба со специјалниот јавен обвинител Катица Јанева, при што повика на поддршка за работата на СЈО. „Се сретнав со специјалната обвинителка и бев во силно обезбедената просторија каде што материјалите од прислушувањето безбедно се чуваат“, напиша британскиот европарламентарец на својот твитер профил.
hovit-tviter-777x437
Ховит, кој најави дека за еден месец ќе се повлече од функцијата во Европскиот парламент, изјави дека очекува изборите кои се закажани за 11-ти декември на граѓаните да им понудат соодветни услови за избор, како и дека овие изборите ќе бидат од огромно значење на иднината на земјата.

„Европската унија, ОБСЕ и други меѓународни набљудувачи ќе бидат присутни тука за изборите и за време на изборниот период и ќе набљудуваат што се случува. Се надеваме дека нивното присуство ќе даде доверба на населението во Македонија дека може да направи реален избор“, порача Ховит.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com