Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЧовек починал додека гледал хорор филм

Човек починал додека гледал хорор филм

65-Годишен маж од мал град во Индија, Тируванамалај, починал додека го гледал хорор филмот „Повикување 2“. Според соопштенијата од медиумите во Индија, мажот почувствувал болка во градите и се срушил во најстрашниот дел од филмот. Како што е соопштено во полицијата, две лица заедно го гледале филмот, кога мажот се пожалил на страв и болки, а потоа се срушил. Тој бил однесен во болница каде докторите констатирале смрт.

Докторите ги замолиле пријателите на мажот да го однесат телото во болница која се наоѓала во близина, за телото да го подготват за погреб, но и двете лица исчезнале. Се претпоставува дека едниот пријател го однел телото за сам да го направи погребот на својот пријател. Полицијата моментално се обидува да ги идентификува двете лица.