HomeРЕФЛЕКТОРФилмХомер, Марџ, Барт, Лиза и Меги влегуваат во историјата

Хомер, Марџ, Барт, Лиза и Меги влегуваат во историјата

simpsonovi

Култната американска анимирана серија „Симпсонови“ ќе се емитува и во наредните две години, што значи дека ќе влезе во историјата како најдолга телевизиска серија на сите времиња, соопшти денес продуцентската куќа „Фокс“. Со денес потпишаните договори за 29 и 30 сезона, гледачите ќе имаат прилика да изгледаат вкупно 699 епизоди откако „Симпсонови“ започнаа да се емитуваат во 1989 година.

На тој начин ќе го срушат и сегашниот рекорд кој го држи вестерн серијата „Гансмоук“, која меѓу 1955 и 1975 година беше емитувана во 635 епизоди. „Фокс“ во соопштението им се заблагодарил на милиони гледачи ширум Америка и ширум светот кои речиси три децении ги следат авантурите на семејството Симпсон. „Ви благодариме што не следите со години. Среќни сме што можеме да ви најавиме дека ќе можете да видите уште многу епизоди“, стои во соопштението на „Фокс“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com